9 odd Test 5 tema Ekologija 1
  • 1. Миграцијата на животните представува нивна адаптација кон:
A) Дневно-ноќни промени
B) Сезонски промени
C) Кон начинот на исхрана
  • 2. Клучот за идентификација(Дихотомен клуч) може да биде составен од:
A) Само од едно прашање и понудени одговори
B) Само ги редиме организмите,нема потреба од прашање
C) Серија прашања за видливите карактеристики на организмите кои ги идентификуваме
  • 3. Што проучува екологијата?
A) Само животната средина
B) Живите организми-растенија,животни,микроорганизми
C) Живите организми во нивната животна средина
  • 4. Какви фактори се симбиозата и предаторството?
A) Биотички фактори
B) Абиотички фактори
  • 5. Смоквите задушувачи растат во:
A) Поларните предели
B) Тропските предели
C) Пустинските предели
D) Умерените предели
  • 6. Каде расте плевелот?
A) Расте покрај реките
B) Расте високо на планините
C) Растение што расте помеѓу насадите што човекот ги одгледува
  • 7. Мувлите на лебот лачат ензими кои вршат разградување на:
A) Скробот и мастите
B) Скробот и протеините
C) Мастите и протеините
D) Глукозата и протеините
free icons png kaktus
  • 8. Кој процес НЕ се одвива поради присуство на боцки кај кактусите во топлите пустини,и е многу важен за зачувување на водата ?
A) Транспирација
B) Фотосинтеза
C) Дишење
D) Дифузија
depositphotos stock photo brown fur seal
  • 9. Морските лавови во која класа на рбетници припаѓаат?
A) Птици
B) Риби
C) Цицачи
D) Влечуги
  • 10. Кој се поволни услови за разградувачите?
A) Вода,топлина,ензими
B) Вода,светлина,кислород
C) Вода,топлина,кислород
D) Вода,топлина,јаглерод диоксид
  • 11. Од каде си обезбедуваат енергија разградувачите?
A) Од храната која сами ја произведуваат со фотосинтеза
B) Разградуваат остатоци и мртви тела на растенија или животни
C) Користат одредени живи организми како храна за производство на енергија
  • 12. Кои од наведениве организми е разградувач?
A) Стоногалка
B) Пчела
C) Ларва од некој инсект
D) Буба мара
E) Жаба
liljak
  • 13. Лилјаците се ноќно активни животни ,како се движат :
A) Ориентирајќи се според Магнетно поле
B) Со добар вид за гледање во темно
C) Со помош на ехолокација
D) Со добро развиен мирис
  • 14. Група единки од ист вид кои живеат на исто место, во исто време претставува
A) Популација
B) Екосистем
C) Биотоп
D) Биоценоза
  • 15. Температура,светлина,влажност,тип на почва,надморска височина се
A) Поларни фактори
B) Биотички фактори
C) Умерени фактори
D) Абиотички фактори
  • 16. Што се хифи?
A) Органи за размножување на печурките
B) Кончести структури кои ги имаат мувлите
C) Кончести стрултури кои ги имаат црвите
  • 17. Како ги нарекуваме разградувачите според начинот на исхрана?
A) Паразити
B) Потрошувачи
C) Сапрофаги
D) Произведувачи
  • 18. Што од наброеново е органски отпад?
A) Лименка
B) Песок
C) Пластично капаче
D) Стаклено шише
E) Паднато стебло
Created with That Quiz — the site for test creation and grading in math and other subjects.