Test po Biologija za 8/9 10-25
  • 1. Во која органела се сместени наследните особини(гени)?
A) Митохондрија
B) Јадренце
C) Јадро
D) Вакуола
  • 2. Клеточната мембрана е селективна (полупропустлива) затоа што :
A) Ги пропушта само непотребните материи
B) Ги пропушта само потребните материи
C) Ги одбира материите кои ќе влегуваат и излегуваат од клетката
D) Ја заштитува клетката и и дава форма
  • 3. Органела со топчеста форма која служи за складирање на резервни материи
A) Митохондрија
B) Цитоплазма
C) Јадро
D) Вакуола
  • 4. Функција на митохондријата е?
A) Да ја снабдува клетката со хранливи материи
B) Да ја снабдува клетката со вода
C) Да ја снабдува клетката со енергија
D) Да ги исфрла непотребните материи од клетката
  • 5. Која од наведениве дефиниции се однесува на орган:
A) Повеќе органи кои градат функционална целина и вршат животен процес
B) Збир на клетки еднакви по форма и големина и вршат иста функција
C) Повеќе ткива кои вршат одредена функција
  • 6. Клетки видливи со голо око се:
A) Крвни клетки
B) Клетките од лушпа на кромид
C) Бактерии
D) Јајца на птици и клетки на портокал
  • 7. Храната и гасовите се пренесуваат до сите клетки преку :
A) Системот за излачување
B) Системот за варење на храната
C) Системот за дишење
D) Системот за крвоток
  • 8. Со мејоза се добиваат:
A) Мускулни клетки
B) Нервни клетки
C) Полови клетки
D) Крвни клетки
  • 9. Основна градбена и функционална единица на сите живи суштества е:
A) Клетка
B) Систем на органи
C) Орган
D) Ткиво
  • 10. Кој сложен шеќер се складира како резервен шеќер во цитоплзмата на животинската клетка?
A) Глукоза
B) Галактоза
C) Гликоген
D) Скроб
  • 11. Постојат 4 основни типа на ткива:
A) Меко, течно, цврсто, фиброзно
B) Епително , фиброзно, течно, цврсто
C) Крвно, мускулно, коскено и нервно
D) Епително, сврзно, мускулно, нервно
  • 12. Класификацијата на организмите направена од Карл Лине преставува
A) Систем на именување на организмите со три имиња ( фамилија, род и вид)
B) Систем на именување на организмите со две имиња ( род и вид)
C) Систем на именување според животната средина(копно, воздух, вода)
D) Систем на именување според начинот на исхрана
  • 13. Што НЕ е точно за праживотните?
A) Се гледаат под микроскоп во капка барска вода
B) Телото им е составено од повеќе клетки
C) Се движат со трепки, камшичиња и лажни ножиња
D) Имаат јадро и некои содржат хлоропласти
  • 14. Најмалата група од многу слични организми е
A) Вид
B) Ред
C) Фамилија
D) Род
  • 15. Која од наведениве карактеристики се однесува на амеба
A) Топчесто тело со иглички се движи со амбулакрални ножиња, живее во мориња
B) Прикепена за дно во слатки води, околу устата има 6-8 пипала со жарни клетки
C) Тело од една клетка, без клеточна мембрана, се движи со лажни ножиња
  • 16. Афтотрофно и хетеротрофно се исхранува
A) Алга
B) Еуглена
C) Парамециум
D) Амеба
  • 17. Безрбетници без ткива и органи се
A) Иглокожи
B) Сунѓери
C) Мекотели
D) Копривкари
  • 18. Свинската и говедската тенија спаѓаат во
A) Цевчести црви
B) Плочести црви
C) Плочести-паразитски црви
D) Морски црви
  • 19. Октопод, лигња и сепија спаѓаат во:
A) Иглокожи
B) Многуноги
C) Членконоги
D) Главоноги
  • 20. Медузата спаѓа во:
A) Црви
B) Копривкари
C) Сунѓери
D) Иглокожи
  • 21. Мојот другар Ѕвонко ова лето беше на море.Ми раскажа дека на дното на морето забележал мало црно боцкаво топче а додека пливал го допрело некое животно кое му оставило црвенило на кожата.Да му помогнеме на Ѕвонко и да му кажеме кои морски животни ги видел во морет?
A) Ѕвонко на морското дно видел корал а на кожата го допрела морска трева
B) Ѕвонко на морското дно видел школка а на кожата го допрела алга
C) Ѕвонко на морското дно видел морски еж а на кожата го допрела медуза
  • 22. Мојата помала сестра Мила има маче по име Фифи.Таа Фифи ја чува одкако се родила еве веќе две години.Еден ден Мила ме праша како расте мачето,како од мало маче порасна во голема мачка.Ајде да ми помогнете да и одговориме на Мила:
A) Мачето расте затоа што пие многу млеко
B) Мачето расте затоа што сите негови телесни клетки се делат со проста делба митоза ( од 1 клетка настануваат 2 клетки)
C) Мачето расте затоа што сите негови телесни клетки се делат со сложена делба мејоза ( од 1 клетка настануваат 4 клетки)
D) Мачето расте затоа што јаде специјална храна за мачки
  • 23. Органелата вакуола ја имаво клетките на:
A) И двата понудени одговори се точни
B) Растенијата
C) Едноклеточните животни
Created with That Quiz — the site for test creation and grading in math and other subjects.