Test po biologija za imunitet 6 i 7 tema 1
  • 1. Кој не припаѓа во имунитетниот систем:
A) панкреас
B) лимфни јазли
C) слезенка
D) крајници
  • 2. Напролет присуството на поленот може да предизвика реакции кај човекот(црвенило), затоа што претставува
A) антиген
B) антитело
C) серум
D) отров
  • 3. Рх-позитивни се:
A) Луѓето кои во крвта на еритроцитите имаат уште еден антиген обележан како Рх+ фактор
B) Луѓето кои во крвта на еритроцитите имаат само еден антиген
C) Луѓето кои во крвта на еритроцитите имаат уште еден антиген обележан како Рх- фактор
  • 4. Хив-вирусот го напаѓа:
A) Мускулниот систем
B) Респираторниот систем
C) Дигестивниот систем
D) Имуно-биолошкиот систем
  • 5. Пресадување на органи од еден на друг човек се вика:
A) Реанимација
B) Транспирација
C) Трансфузија
D) Трансплантација
  • 6. Давање крв на болниот при некое крвавење се вика или( Изгубената крв се надокнадува со :
A) . когулација
B) трансфузија
C) трансплантација
D) . реанимација
  • 7. Која крвна група е универзален давател:
A) А
B) АБ
C) Б
D) О
  • 8. Која крвна група е универзален примател:
A) Б
B) О
C) АБ
D) А
  • 9. Во процесот на создавање на имун одговор вакцина е
A) вештачки имунитет
B) вроден
C) стекнат
D) природен
  • 10. Кои се крајни продукти во процесот на дишење
A) Кислород, вода и енергија
B) Гликоза, кислород и енергија
C) Јаглерод диоксид, вода и енергија
  • 11. Во која од наведените органели се врши клеточно дишење?
A) Митохондрија
B) Рибозом
C) Голџиев апарат
D) Лизозом
  • 12. ,,Без кислород нема живот,,- затоа што
A) во клетките не може да се врши синтеза на белковини
B) во негово присуство во клетките се создава гликоза и се ослободува енергија
C) во негово присуство хранливите материи се разложуваат и се добива енергија
D) во клетките не може да се врши транспорт на хранливите материи
  • 13. Во кој дел од системот за дишење се произведува глас?
A) Грло
B) Грклан
C) Душник
D) Голтка
  • 14. Кој од наведениве дишни патишта завршува со воздушни кесиња изградени од алвеол
A) Душникот
B) Бронхиолите
C) Гркланот
D) Бронхиите
  • 15. Во кој од наведените возрасти сметате дека фрекфенцијата на дишење ќе биде најголема при нормални услови?
A) Жена
B) Новороденче
C) Дете
D) Баба
  • 16. Размената на гасови во белите дробови (алвеоли) се врши на основа на разликата на
A) парцијалниот притисок
B) белодробниот притисок
C) осмотскиот притисок
D) воздушниот притисок
  • 17. Помошни органи со кои се извршува механизмот на дишење се
A) ребра, градна коска и дијафрагма
B) ребра, стомачни мускули и карлица
C) меѓуребрени мускули, дијафрагма
  • 18. Ако концентрацијата на кислород во алвеолите е 21%, а во крвните капилари 14% тогаш
A) кислородот од алвеолите ќе помине во капиларите затоа што има поголем парцијален притисок
B) кислородот од капиларите ќе помине во алвеолите затоа што има помал парцијален притисок
C) нема да има дифузија на кислород додека парцијалните притисоци на гасовите не се изедначат
  • 19. Ако човек престојува подолго време во затворена гаража каде работи моторот на автомобилот, постои опасност од задушување. Зошто?
A) Издувните гасови од автомобилот ќе го уништат количеството на кислород во просторот
B) Хемоглобинот има поголем афинитет да се врзе со јаглерод моноксид(СО), отколку со О2
C) Кислородот ќе се уништи и ќе исчезне
  • 20. Ако работниците во текстилна индустрија работат без заштитни маски и не проветруваат, тогаш постои опасност да заболат од болеста:
A) синуситис
B) остеопороза
C) силикоза
D) ангина
  • 21. Каде е сместен центарот за дишење?
A) мал мозок
B) рбетен мозок
C) продолжен мозок
D) голем мозок
  • 22. Комбинирана постапка од масажа на срце и вештачко дишење се нарекува :
A) реставрација
B) рекомбинација
C) реанимација
D) ревитализација
  • 23. Мускулите за својата работа трошат енергија која ја добиваат во процесот на:
A) клеточно дишење
B) контрактилност
C) исхрана
D) излачување
Created with That Quiz — a math test site for students of all grade levels.