Тест за жлезди и размножување од 11 и 12 тема 1
  • 1. Жлездите кои лачат хормони ги нарекуваме:
A) Жлезди со надворешо лачење
B) Жлезди со внатрешно лачење
C) И двата понудени одговори се точни
  • 2. Каде се врши оплодувањето на јајце клетката :
A) Во јајцеводите
B) Во јајниците
C) Во матката
D) Во грлото на матката
  • 3. Функцијата на плацентата е
A) да им дава енергија на сперматозоидите за движење
B) да овозможи врска на крвотокот на мајката и ембрионот за да може да се исхранува
C) да го заштитува плодот од удари
D) да и овозможи на оплодената јајце клетка да се вгнезди за ѕидот на матката
  • 4. Секундарните полови карактеристики кај машкото и девојчето се појавуваат во периодот на:
A) зрелост
B) пубертет
C) старост
D) детство
  • 5. Каков вид на заболување е сифилисот
A) вродено заболување
B) полово заболување
C) наследно заболување
  • 6. Една од разликите во машкиот и женскиот полов систем е:
A) мочниот и половиот канал кај жените е заеднички
B) низ женскиот мочен канал се спроведуваат и половите клетки
C) низ машкиот мочен канал се спроведуваат и половите клетки
D) мочниот и половиот канал кај мажите се одделни(засебни)
  • 7. Половите жлезди имаат двојна улога односно ги среќаваме во два система:
A) полов и дигестивен систем
B) систем за лачење и крвоносен
C) полов и ендокринен систем
D) полов и респираторен систем
  • 8. Полови клетки се делат со
A) мејоза
B) митоза
C) проста делба
  • 9. Како се нарекува плодот после третиот месец
A) зигот
B) фетус
C) ембрион
  • 10. Како диши бебето во водата, додека е во стомакот на мајката
A) не диши додека е во стомахот и не се дооформи целосно
B) со жабри кои подоцна се заменуваат со бели дробови
C) преку плацентата од крвта на мајката која содржи кислород
D) со бели дробови кои се специјализирани да го земат кислородот од водата
  • 11. Ако мажите немаат матка тогаш жените немаат
A) простата
B) полови канали
C) полови клетки
D) полови жлезди
  • 12. Која од наведениве фази од создавањето на организмот е прва?
A) Полово созревање-овулација
B) Раѓање на плодот
C) Вгнездување за ѕидот на матката
D) Оплодување-создавање зигот
  • 13. Како се вика процесот на созревање и прскање на зрелата јајце клетка
A) И двата понудени одговори се точни
B) менструација
C) овулација
  • 14. За кој период велиме дека е бременост
A) период кога се уништува неоплодената јајце клетка, пропратено со крварење
B) период кога престанува менструалниот циклус и згаснува функцијата на половите жлезди
C) период кога се прицврстува оплодената клетка за ѕидот на матката
D) период кој почнува со оплодување на јајце клетката, а завршува со раѓање на плодот
  • 15. Процесот преку кој се уништува и исфрла неоплодената јајце клетка од телото на жената се вика
A) имплантација,
B) менструација
C) контрацепција
D) овулација,
  • 16. Присилното прекинување на бременоста се вика
A) свесно оплодување
B) абортус
C) контрацепција
  • 17. Кондомот како контрацептивно средство штити од:
A) И двата понудени одговори се точни
B) Несакана бременост
C) Полови болести
  • 18. Каков метод на контрацепција е подврзувањето на јајцеводите или семеводите ?
A) Хормонален
B) Оперативен
C) Хемиски
  • 19. Која полова болест ја предизвикува бактеријата гонокок?
A) Сида
B) Трипер
C) Сифилис
  • 20. Полово преносливите болести уште се нарекуваат:
A) Половични
B) Венерични
C) Енергични
  • 21. Хипофизата е контролирана од хипоталамусот со помош на:
A) Рилизинг хормони
B) СТХ хормони
C) И двата понудени одговори се точни
  • 22. Во состав на која жлезда влегуваат Лангерхансовите островца?
A) Тироидна жлезда
B) Штитна жлезда
C) Панкреас
  • 23. Ако сме повраќале и изгубиле многу течности тогаш која жлезда ќе дејствува преку хормоните да се стопира исфрлањето на водата преку нефроните цевчиња:
A) тироидна
B) надбубрежна
C) хипофиза
  • 24. Пронајди која од наведениве жлезди НЕ лачи хормони
A) јајник
B) семеник
C) црн дроб
D) панкреас
  • 25. Што се случува ако панкреасот не лачи доволно инсулин
A) се што е вишок на шеќер ќе се складира во црниот дроб и нивото во крвта ќе се намали
B) ќе се покачи крвниот притисок и пулсот
C) тогаш нема кој да го складира вишокот на шеќер и нивото на гликоза ќе се зголемува во крвта
D) тогаш се што е вишок на гликоза ќе се разложи во црниот дроб
  • 26. Создавањето на млекото во млечните жлезди кај жените е потикнато од хормонот:
A) пролактин
B) инсулин
C) естроген
D) адреналин
  • 27. Хипофизата е сместена :
A) во грлото
B) под меѓумозокот
C) под малиот мозок
D) над бубрезите
  • 28. За функција на која ендокрина жлезда е неопходен јодот?
A) и двата понудени одговори се точни
B) штитна жлезда
C) надбубрежна жлезда
  • 29. Жлезди кои се различни кај мажите и жените се:
A) половите жлезди
B) надбубрежните жлезди
C) хипофизата
D) панкреасот
  • 30. Во стресни ситуации од лудо возење со афтомобил, кога сте заљубени или пиете многу кафе се покачува хормонот
A) адреналин
B) тироксин
C) естроген
D) инсулин
  • 31. од наведениве жлезди е диригент, како таа диригира така останатите жлезди лачат хормони. Која?
A) јајник
B) панкреас
C) хипофиза
  • 32. Производите на ендокрините жлезди се викаат:
A) хормони
B) витамини
C) ензими
D) течности
  • 33. Чувството на жед, ,често мокрење , сушење на устата се симптоми за :
A) недостаток на јод,
B) кретенизам,
C) дијабетис,
D) надразливост
  • 34. Хормонот кој предизвикува контракции на матката при породувањето е
A) прогестерон
B) меланин
C) окситоцин,
D) тестостерон
  • 35. Која од наведениве жлезди НЕ е жлезда со внатрешно лачење?
A) плункова жлезда
B) штитна жлезда
C) семеници
Created with That Quiz — where a math practice test is always one click away.