Test za Cirkulatoren sistem 1
  • 1. Пигментот хемоглобин во црвените крвни клетки ја врши функцијата?
A) Го запира крварењето
B) Ја одредува крваната група
C) Ги врзува и пренесува CO2 и O2
D) Врзува и пренесува масти
  • 2. Кој од крвните клетки учествува во коагулацијата?
A) Леукоцити
B) Тромбоцити
C) Лимфоцити
D) Еритроцити
  • 3. Која е улогата на леукоцитите
A) Да ја згрутчуваат крвта
B) Да пренесуваат гасови
C) Да пренесуваат хранливи материи
D) Да го бранат телото од напаѓачи
  • 4. Ако од крвта ги отстраниме крвните клетки ќе остане:
A) Лимфна течност
B) Крвен серум
C) Крвна течност
D) Крвната плазма
  • 5. Ако детето ја наследило болеста и е хемофиличар тогаш неговото тело ќе има
A) Намалена способност за коагулирање на крвта
B) Зголемен хемоглобин
C) Зголемен крвен притисок и пулс
D) Намалена способност за размена на гасови
  • 6. Во десната половина на срцето тече
A) Крв богата со кислород
B) Крв богата со СО2
C) Крв сиромашна со кислород
  • 7. Крвни садови кои ја собираат крвта од органите и ја носат во срцето се викаат:
A) Вени
B) Капилари
C) Артериоли
D) Артерии
  • 8. Со што се карактеризира болеста анемија:
A) Намалување на бројот на еритроцитите
B) Зголемување на бројот на тромбоцитите
C) Зголемување на количеството на плазмата
D) Зголемување на бројот на еритроцитите
  • 9. Како се вика фазата при срцевата работа, кога преткоморите се стегаат(активна фаза)?
A) Пулс
B) Дијастола
C) Систола
D) Крвоток
  • 10. Процесот на засирувањето на крвта е познато како
A) Тромбоза
B) Коагулација
C) Трансфузија
  • 11. Нечистата крв од телото се враќа во срцето преку:
A) Долна шуплива вена
B) Белодробна вена
C) Горна шуплива вена
D) Горна и долна шуплива вена
  • 12. Кои крвни садови ја враќаат оксидираната крв во срцето
A) Белодробни вени
B) Аорта
C) Белодробни артерии
D) Горна шуплива вена
  • 13. Крвта е :
A) Фиброзно сврзно ткиво
B) Течно сврзно ткиво
C) Меко сврзно ткиво
  • 14. Најмалите крвните садови кои доаѓаат до клетките и преку нив се врши размена на гасови се;
A) Артериолите
B) Венулите
C) Капиларите
  • 15. Пулс е :
A) Брановидното движење на крвта низ вените
B) Отчукувањето на срцето
C) Брановидното движење на крвта низ артериите
  • 16. Крвен притисок е:
A) Силата со кој крвта притиска на ѕидовите на крвните садови
B) Силата со која крвта ги отвара клапите
C) Силата со која крвта влегува во срцето
  • 17. Како се вика надворешниот слој на срцето?
A) Перикард
B) Епителен слој
C) Мускулест слој
  • 18. Која од наведениве функции е заштитна функција на крвта:
A) Пренесува топлина во организмот и ја регулира телесната температура
B) Врши коагулација и не дозволува преголемо губење на крв од организмот
C) Пренесува хранливи материи и кислород до крвта
  • 19. Кој од наведениве органи не е дел од лимфниот систем:
A) Крајници
B) Срце
C) Лимфни јазли
D) Градна жлезда
  • 20. Како се нарекува болеста во која настанува наталожување на маснотии во ѕидовите на крвните садови:
A) Анемија
B) Аритмија
C) Артериосклероза
D) Атеросклероза
  • 21. Ѕидовите имаат мала цврстина и еластичност а во внатрешноста имаат залистоци-ова е краток опис на кои крвни садови?
A) На венулете
B) На артериите
C) На аортата
D) На вените
  • 22. Пулсот го мериме на:
A) Вените
B) Артериите
C) Капиларите
  • 23. На кои делови се дели аортата штом ќе излезе од срцето?
A) Лев дел,десен дел и прав дел
B) Нагорен дел,аортен лак и надолен дел
C) Аортата продолжува право и воопшто не се дели
  • 24. Малиот крвоток носи крв до?
A) Белите дробови
B) Целото тело
C) Главата
  • 25. Големиот крвоток носи крв до?
A) Целото тело
B) Нозете
C) Белите дробови
  • 26. Хемофилијата е болест која :
A) Се пренесува генетски,женските се само преносители а машките заболуваат
B) Се пренесува генетски,заболуваат и машките и женските
C) Се пренесува генетски,женските заболуваат а машките се преносители
Created with That Quiz — where a math practice test is always one click away.