Тест биологија за 9 одд.1 и 2 тема 1 - Quiz
  • 1. Заеднички предок на човекот и човеколикиот мајмун е :
A) прачовек
B) проконзул
C) предчовек
D) австралопитекус
  • 2. Кои предци припаѓаат во стадиумот на еволуцијата на човекот,,хомо сапиенс,,- фосилис?
A) австралопитекус и хомо хабилис
B) Хомо хабилис и хомо еректус
C) неандерталец, кромањонец, крапински човек
D) сите човекови претци
  • 3. Човекот се разликува од мајмуните по следната карактеристика
A) Eмбрионалниот развиток
B) Градбата на телото
C) Појавата на рудиментирани органи
D) Големината и градбата на мозокот
  • 4. Кои организми еволуирале заедно со човекот
A) антропоиди
B) инсектојади
C) цицачи
D) хоминиди
  • 5. Во која раса спаѓаат индијанците?
A) бела
B) монголска
C) црна
D) жолта
  • 6. Според карактеристиките, одреди во која група спаѓа австралопитекусот?
A) Живеел во Хрватска, во пештерата Крапина, користел копја, облека,
B) Живеел во јужна Африка, бил висок 1 м.,по исправеноста личел на човек
C) Живеел во Германија во пештери, правел облека и орудија, одржувал огин
D) Живеел во Франција во колиби, ловел со стрела, развил сопствена култура
  • 7. Порастот на човечката популација е резултат на развојот на
A) градежништвото, ветерината и медицината
B) шумарството и водостопанството
C) земјоделството, сточарството и медицината
  • 8. Промените на карактеристиките на живите организми преку генерациите, со текот на времето ги изучува.наука
A) палеонтологија
B) археологија
C) еволуција
D) антропологија
  • 9. При ископување пронајден е череп во кој се претпоставува дека се наоѓал мозок со запремина 1000 см3 . Во кој стадиум на еволуција припаѓал човечкиот предок
A) австралопитекус
B) хомо сапиенс-фосилис
C) хомо еректус
D) хомо сапиенс
  • 10. Која е причината која условила првите човеколики суштества да се одвојат од човеколките мајмуни?
A) Се скарале меѓусебе
B) Изгорените шуми кои подоцна се формирале во тревнати површини на кои се населиле првите човекови претци
C) За да го измислат огнот
  • 11. Појава на атавизам е:
A) Сличност во ембрионалниот развој
B) Појава на одлики кои ги имале човековите предци
C) Појава на закржлавени органи
  • 12. Кој од наведениве претставници не спаѓа во човеколки мајмуни:
A) Орангитан
B) Шимпанзо
C) Лемур
D) Горила
  • 13. Кој од човековите предци го измислил огнот и имал добро развиени ловечки вештини
A) Хомо еректус
B) Хомо сапиенс фосилис
C) Хомо хабилис
D) Хомо сапиенс
  • 14. Во кој од наведениве докази спаѓа појавата на опаш:
A) Појава на рудиментирани органи
B) Градба на телото
C) Ембрионален развој
D) Појава на атавизам
  • 15. Клеточната мембрана е изградена од сложени масти и
A) калциум
B) белковини
C) скроб
D) шеќери
  • 16. Контролните механизми за управување со животните процеси во клетката се сместени во :
A) рибозом
B) јадро
C) јадренце
D) центриол
  • 17. Зошто човекот не може сам да си создаде храна
A) затоа што човечките клетки немаат клеточен ѕид
B) затоа што во телото на човекот леукопластите не можат да преминат во хлоропласти
C) затоа што резервниот шеќер не е во вид на скробни зрнца
D) затоа што човечките клетки немаат хлоропласти
  • 18. Органелата преку која се излачуваат непотребните материи од клетката е
A) лизозом
B) голџиев апарат
C) митохондрија
D) рибозом
  • 19. Клеточна органела на чија површина се рибозомите е:
A) клеточна мембрана
B) голџиев апарат
C) ендоплазматичен ретикулум
D) лизозом
  • 20. Растењето, развитокот и заздравувањето на повредите се објаснува со
A) контракции на клетката
B) мирување на клетката
C) делба на клетката
  • 21. Која органела во клетката учествува во создавање на енергија
A) центриол
B) Митохондрија
C) Рибозом
D) Лизозом
  • 22. Која е функцијата на рибозомите?
A) делба на клетка
B) разложување непотребни матеии
C) создавање на белковини
D) излачување непотребни материи
  • 23. Која од наведениве дефиниции се однесува на организам:
A) Збир на клетки еднакви по форма и големина и вршат иста функција
B) Повеќе ткива кои вршат одредена функција
C) Носител на животот во кој се обединети сите органски системи и работат усогласено
D) Повеќе органи кои градат функционална целина и вршат животен процес
  • 24. Со каква делба се делат клетките?
A) половите клетки со коњугација, телесните со фрагментација
B) половите клетки со мејоза, телесните клетки со митоза
C) половите клетки со анафаза, телесните клетки со телофаза
D) половите клетки со митоза, телесните клетки со мејоза
  • 25. Делбата со која се преполовува бројот на хромозоми е :
A) мејоза
B) интерфаза
C) митоза
D) телофаза
  • 26. Митозата е делба на клетките во која се добиваат :
A) 3 клетки
B) 2 клетки
C) 1/2 клетка
D) 4 клетки
  • 27. Кои од наведениве органели го формираат делбеното вретено при делба на клетките?
A) Рибозомите
B) Центриолите
C) Лизозомите
D) Митохондриите
  • 28. Интерфаза е:
A) Фаза меѓу две делби
B) Фаза во која клеточната мембрана се вдлабнува
C) Фаза во која се формира делбеното вретено
  • 29. Во која група на ткива спага крвта?
A) сврзно
B) епително
C) мускулно
D) нервно
  • 30. Кои од наведените клетки се добиваат со мејоза (сложена делба), и содржат по 23 хромозоми
A) крвни клетки
B) срцеви клетки
C) сперматозоиди
D) мускулни клетки
Created with That Quiz — where test making and test taking are made easy for math and other subject areas.