Тест биологија за 9 одд.1 и 2 тема 1
  • 1. Заеднички предок на човекот и човеколикиот мајмун е :
A) прачовек
B) австралопитекус
C) проконзул
D) предчовек
  • 2. Кои предци припаѓаат во стадиумот на еволуцијата на човекот,,хомо сапиенс,,- фосилис?
A) Хомо хабилис и хомо еректус
B) неандерталец, кромањонец, крапински човек
C) сите човекови претци
D) австралопитекус и хомо хабилис
  • 3. Човекот се разликува од мајмуните по следната карактеристика
A) Градбата на телото
B) Појавата на рудиментирани органи
C) Eмбрионалниот развиток
D) Големината и градбата на мозокот
  • 4. Кои организми еволуирале заедно со човекот
A) цицачи
B) инсектојади
C) антропоиди
D) хоминиди
  • 5. Во која раса спаѓаат индијанците?
A) жолта
B) монголска
C) бела
D) црна
  • 6. Според карактеристиките, одреди во која група спаѓа австралопитекусот?
A) Живеел во Германија во пештери, правел облека и орудија, одржувал огин
B) Живеел во Хрватска, во пештерата Крапина, користел копја, облека,
C) Живеел во Франција во колиби, ловел со стрела, развил сопствена култура
D) Живеел во јужна Африка, бил висок 1 м.,по исправеноста личел на човек
  • 7. Порастот на човечката популација е резултат на развојот на
A) градежништвото, ветерината и медицината
B) земјоделството, сточарството и медицината
C) шумарството и водостопанството
  • 8. Промените на карактеристиките на живите организми преку генерациите, со текот на времето ги изучува.наука
A) антропологија
B) еволуција
C) палеонтологија
D) археологија
  • 9. При ископување пронајден е череп во кој се претпоставува дека се наоѓал мозок со запремина 1000 см3 . Во кој стадиум на еволуција припаѓал човечкиот предок
A) австралопитекус
B) хомо сапиенс-фосилис
C) хомо еректус
D) хомо сапиенс
  • 10. Која е причината која условила првите човеколики суштества да се одвојат од човеколките мајмуни?
A) Изгорените шуми кои подоцна се формирале во тревнати површини на кои се населиле првите човекови претци
B) За да го измислат огнот
C) Се скарале меѓусебе
  • 11. Појава на атавизам е:
A) Појава на одлики кои ги имале човековите предци
B) Појава на закржлавени органи
C) Сличност во ембрионалниот развој
  • 12. Кој од наведениве претставници не спаѓа во човеколки мајмуни:
A) Орангитан
B) Лемур
C) Шимпанзо
D) Горила
  • 13. Кој од човековите предци го измислил огнот и имал добро развиени ловечки вештини
A) Хомо еректус
B) Хомо хабилис
C) Хомо сапиенс
D) Хомо сапиенс фосилис
  • 14. Во кој од наведениве докази спаѓа појавата на опаш:
A) Ембрионален развој
B) Градба на телото
C) Појава на атавизам
D) Појава на рудиментирани органи
  • 15. Клеточната мембрана е изградена од сложени масти и
A) скроб
B) калциум
C) шеќери
D) белковини
  • 16. Контролните механизми за управување со животните процеси во клетката се сместени во :
A) рибозом
B) јадро
C) центриол
D) јадренце
  • 17. Зошто човекот не може сам да си создаде храна
A) затоа што човечките клетки немаат хлоропласти
B) затоа што резервниот шеќер не е во вид на скробни зрнца
C) затоа што во телото на човекот леукопластите не можат да преминат во хлоропласти
D) затоа што човечките клетки немаат клеточен ѕид
  • 18. Органелата преку која се излачуваат непотребните материи од клетката е
A) лизозом
B) митохондрија
C) голџиев апарат
D) рибозом
  • 19. Клеточна органела на чија површина се рибозомите е:
A) клеточна мембрана
B) голџиев апарат
C) лизозом
D) ендоплазматичен ретикулум
  • 20. Растењето, развитокот и заздравувањето на повредите се објаснува со
A) делба на клетката
B) мирување на клетката
C) контракции на клетката
  • 21. Која органела во клетката учествува во создавање на енергија
A) центриол
B) Лизозом
C) Рибозом
D) Митохондрија
  • 22. Која е функцијата на рибозомите?
A) излачување непотребни материи
B) делба на клетка
C) разложување непотребни матеии
D) создавање на белковини
  • 23. Која од наведениве дефиниции се однесува на организам:
A) Збир на клетки еднакви по форма и големина и вршат иста функција
B) Повеќе органи кои градат функционална целина и вршат животен процес
C) Носител на животот во кој се обединети сите органски системи и работат усогласено
D) Повеќе ткива кои вршат одредена функција
  • 24. Со каква делба се делат клетките?
A) половите клетки со мејоза, телесните клетки со митоза
B) половите клетки со коњугација, телесните со фрагментација
C) половите клетки со митоза, телесните клетки со мејоза
D) половите клетки со анафаза, телесните клетки со телофаза
  • 25. Делбата со која се преполовува бројот на хромозоми е :
A) митоза
B) телофаза
C) интерфаза
D) мејоза
  • 26. Митозата е делба на клетките во која се добиваат :
A) 4 клетки
B) 3 клетки
C) 2 клетки
D) 1/2 клетка
  • 27. Кои од наведениве органели го формираат делбеното вретено при делба на клетките?
A) Рибозомите
B) Центриолите
C) Митохондриите
D) Лизозомите
  • 28. Интерфаза е:
A) Фаза во која се формира делбеното вретено
B) Фаза меѓу две делби
C) Фаза во која клеточната мембрана се вдлабнува
  • 29. Во која група на ткива спага крвта?
A) нервно
B) епително
C) мускулно
D) сврзно
  • 30. Кои од наведените клетки се добиваат со мејоза (сложена делба), и содржат по 23 хромозоми
A) срцеви клетки
B) сперматозоиди
C) крвни клетки
D) мускулни клетки
Created with That Quiz — where test making and test taking are made easy for math and other subject areas.