ThatQuiz Test Library Take this test now
Test po Biologija za 8/9 10-25
Contributed by: Naskovska
  • 1. Во која органела се сместени наследните особини(гени)?
A) Вакуола
B) Јадренце
C) Јадро
D) Митохондрија
  • 2. Клеточната мембрана е селективна (полупропустлива) затоа што :
A) Ги одбира материите кои ќе влегуваат и излегуваат од клетката
B) Ја заштитува клетката и и дава форма
C) Ги пропушта само потребните материи
D) Ги пропушта само непотребните материи
  • 3. Органела со топчеста форма која служи за складирање на резервни материи
A) Јадро
B) Цитоплазма
C) Вакуола
D) Митохондрија
  • 4. Функција на митохондријата е?
A) Да ја снабдува клетката со хранливи материи
B) Да ги исфрла непотребните материи од клетката
C) Да ја снабдува клетката со енергија
D) Да ја снабдува клетката со вода
  • 5. Која од наведениве дефиниции се однесува на орган:
A) Збир на клетки еднакви по форма и големина и вршат иста функција
B) Повеќе органи кои градат функционална целина и вршат животен процес
C) Повеќе ткива кои вршат одредена функција
  • 6. Клетки видливи со голо око се:
A) Крвни клетки
B) Јајца на птици и клетки на портокал
C) Клетките од лушпа на кромид
D) Бактерии
  • 7. Храната и гасовите се пренесуваат до сите клетки преку :
A) Системот за дишење
B) Системот за варење на храната
C) Системот за крвоток
D) Системот за излачување
  • 8. Со мејоза се добиваат:
A) Полови клетки
B) Нервни клетки
C) Мускулни клетки
D) Крвни клетки
  • 9. Основна градбена и функционална единица на сите живи суштества е:
A) Ткиво
B) Систем на органи
C) Орган
D) Клетка
  • 10. Кој сложен шеќер се складира како резервен шеќер во цитоплзмата на животинската клетка?
A) Глукоза
B) Гликоген
C) Скроб
D) Галактоза
  • 11. Постојат 4 основни типа на ткива:
A) Крвно, мускулно, коскено и нервно
B) Меко, течно, цврсто, фиброзно
C) Епително , фиброзно, течно, цврсто
D) Епително, сврзно, мускулно, нервно
  • 12. Класификацијата на организмите направена од Карл Лине преставува
A) Систем на именување на организмите со две имиња ( род и вид)
B) Систем на именување според животната средина(копно, воздух, вода)
C) Систем на именување на организмите со три имиња ( фамилија, род и вид)
D) Систем на именување според начинот на исхрана
  • 13. Што НЕ е точно за праживотните?
A) Се гледаат под микроскоп во капка барска вода
B) Телото им е составено од повеќе клетки
C) Се движат со трепки, камшичиња и лажни ножиња
D) Имаат јадро и некои содржат хлоропласти
  • 14. Најмалата група од многу слични организми е
A) Фамилија
B) Род
C) Вид
D) Ред
  • 15. Која од наведениве карактеристики се однесува на амеба
A) Тело од една клетка, без клеточна мембрана, се движи со лажни ножиња
B) Прикепена за дно во слатки води, околу устата има 6-8 пипала со жарни клетки
C) Топчесто тело со иглички се движи со амбулакрални ножиња, живее во мориња
  • 16. Афтотрофно и хетеротрофно се исхранува
A) Алга
B) Парамециум
C) Амеба
D) Еуглена
  • 17. Безрбетници без ткива и органи се
A) Сунѓери
B) Иглокожи
C) Мекотели
D) Копривкари
  • 18. Свинската и говедската тенија спаѓаат во
A) Морски црви
B) Плочести-паразитски црви
C) Плочести црви
D) Цевчести црви
  • 19. Октопод, лигња и сепија спаѓаат во:
A) Иглокожи
B) Многуноги
C) Членконоги
D) Главоноги
  • 20. Медузата спаѓа во:
A) Иглокожи
B) Сунѓери
C) Црви
D) Копривкари
  • 21. Мојот другар Ѕвонко ова лето беше на море.Ми раскажа дека на дното на морето забележал мало црно боцкаво топче а додека пливал го допрело некое животно кое му оставило црвенило на кожата.Да му помогнеме на Ѕвонко и да му кажеме кои морски животни ги видел во морет?
A) Ѕвонко на морското дно видел корал а на кожата го допрела морска трева
B) Ѕвонко на морското дно видел морски еж а на кожата го допрела медуза
C) Ѕвонко на морското дно видел школка а на кожата го допрела алга
  • 22. Мојата помала сестра Мила има маче по име Фифи.Таа Фифи ја чува одкако се родила еве веќе две години.Еден ден Мила ме праша како расте мачето,како од мало маче порасна во голема мачка.Ајде да ми помогнете да и одговориме на Мила:
A) Мачето расте затоа што сите негови телесни клетки се делат со сложена делба мејоза ( од 1 клетка настануваат 4 клетки)
B) Мачето расте затоа што сите негови телесни клетки се делат со проста делба митоза ( од 1 клетка настануваат 2 клетки)
C) Мачето расте затоа што пие многу млеко
D) Мачето расте затоа што јаде специјална храна за мачки
  • 23. Органелата вакуола ја имаво клетките на:
A) И двата понудени одговори се точни
B) Едноклеточните животни
C) Растенијата
Created with That Quiz — the site for test creation and grading in math and other subjects.