ThatQuiz Test Library Take this test now
Test po biologija za imunitet 6 i 7 tema 1
Contributed by: Naskovska
  • 1. Кој не припаѓа во имунитетниот систем:
A) лимфни јазли
B) крајници
C) панкреас
D) слезенка
  • 2. Напролет присуството на поленот може да предизвика реакции кај човекот(црвенило), затоа што претставува
A) серум
B) антиген
C) отров
D) антитело
  • 3. Рх-позитивни се:
A) Луѓето кои во крвта на еритроцитите имаат само еден антиген
B) Луѓето кои во крвта на еритроцитите имаат уште еден антиген обележан како Рх- фактор
C) Луѓето кои во крвта на еритроцитите имаат уште еден антиген обележан како Рх+ фактор
  • 4. Хив-вирусот го напаѓа:
A) Дигестивниот систем
B) Мускулниот систем
C) Имуно-биолошкиот систем
D) Респираторниот систем
  • 5. Пресадување на органи од еден на друг човек се вика:
A) Трансфузија
B) Трансплантација
C) Транспирација
D) Реанимација
  • 6. Давање крв на болниот при некое крвавење се вика или( Изгубената крв се надокнадува со :
A) трансплантација
B) . реанимација
C) трансфузија
D) . когулација
  • 7. Која крвна група е универзален давател:
A) Б
B) А
C) О
D) АБ
  • 8. Која крвна група е универзален примател:
A) О
B) Б
C) АБ
D) А
  • 9. Во процесот на создавање на имун одговор вакцина е
A) стекнат
B) вроден
C) природен
D) вештачки имунитет
  • 10. Кои се крајни продукти во процесот на дишење
A) Кислород, вода и енергија
B) Јаглерод диоксид, вода и енергија
C) Гликоза, кислород и енергија
  • 11. Во која од наведените органели се врши клеточно дишење?
A) Голџиев апарат
B) Лизозом
C) Рибозом
D) Митохондрија
  • 12. ,,Без кислород нема живот,,- затоа што
A) во негово присуство во клетките се создава гликоза и се ослободува енергија
B) во негово присуство хранливите материи се разложуваат и се добива енергија
C) во клетките не може да се врши транспорт на хранливите материи
D) во клетките не може да се врши синтеза на белковини
  • 13. Во кој дел од системот за дишење се произведува глас?
A) Голтка
B) Грклан
C) Грло
D) Душник
  • 14. Кој од наведениве дишни патишта завршува со воздушни кесиња изградени од алвеол
A) Гркланот
B) Душникот
C) Бронхиолите
D) Бронхиите
  • 15. Во кој од наведените возрасти сметате дека фрекфенцијата на дишење ќе биде најголема при нормални услови?
A) Новороденче
B) Баба
C) Дете
D) Жена
  • 16. Размената на гасови во белите дробови (алвеоли) се врши на основа на разликата на
A) парцијалниот притисок
B) белодробниот притисок
C) осмотскиот притисок
D) воздушниот притисок
  • 17. Помошни органи со кои се извршува механизмот на дишење се
A) ребра, стомачни мускули и карлица
B) меѓуребрени мускули, дијафрагма
C) ребра, градна коска и дијафрагма
  • 18. Ако концентрацијата на кислород во алвеолите е 21%, а во крвните капилари 14% тогаш
A) нема да има дифузија на кислород додека парцијалните притисоци на гасовите не се изедначат
B) кислородот од алвеолите ќе помине во капиларите затоа што има поголем парцијален притисок
C) кислородот од капиларите ќе помине во алвеолите затоа што има помал парцијален притисок
  • 19. Ако човек престојува подолго време во затворена гаража каде работи моторот на автомобилот, постои опасност од задушување. Зошто?
A) Издувните гасови од автомобилот ќе го уништат количеството на кислород во просторот
B) Хемоглобинот има поголем афинитет да се врзе со јаглерод моноксид(СО), отколку со О2
C) Кислородот ќе се уништи и ќе исчезне
  • 20. Ако работниците во текстилна индустрија работат без заштитни маски и не проветруваат, тогаш постои опасност да заболат од болеста:
A) силикоза
B) остеопороза
C) ангина
D) синуситис
  • 21. Каде е сместен центарот за дишење?
A) продолжен мозок
B) голем мозок
C) мал мозок
D) рбетен мозок
  • 22. Комбинирана постапка од масажа на срце и вештачко дишење се нарекува :
A) рекомбинација
B) реставрација
C) ревитализација
D) реанимација
  • 23. Мускулите за својата работа трошат енергија која ја добиваат во процесот на:
A) исхрана
B) контрактилност
C) излачување
D) клеточно дишење
Created with That Quiz — a math test site for students of all grade levels.