Test za Cirkulatoren sistem 1
  • 1. Пигментот хемоглобин во црвените крвни клетки ја врши функцијата?
A) Го запира крварењето
B) Ги врзува и пренесува CO2 и O2
C) Ја одредува крвната група
D) Врзува и пренесува масти
  • 2. Кој од крвните клетки учествува во коагулацијата?
A) Леукоцити
B) Еритроцити
C) Лимфоцити
D) Тромбоцити
  • 3. Која е улогата на леукоцитите
A) Да пренесуваат хранливи материи
B) Да пренесуваат гасови
C) Да го бранат телото од напаѓачи
D) Да ја згрутчуваат крвта
  • 4. Ако од крвта ги отстраниме крвните клетки ќе остане:
A) Крвна течност
B) Лимфна течност
C) Крвната плазма
D) Крвен серум
  • 5. Ако детето ја наследило болеста и е хемофиличар тогаш неговото тело ќе има
A) Намалена способност за коагулирање на крвта
B) Намалена способност за размена на гасови
C) Зголемен хемоглобин
D) Зголемен крвен притисок и пулс
  • 6. Во десната половина на срцето тече
A) Крв богата со СО2
B) Крв сиромашна со кислород
C) Крв богата со кислород
  • 7. Крвни садови кои ја собираат крвта од органите и ја носат во срцето се викаат:
A) Вени
B) Артериоли
C) Артерии
D) Капилари
  • 8. Со што се карактеризира болеста анемија:
A) Зголемување на бројот на еритроцитите
B) Зголемување на количеството на плазмата
C) Зголемување на бројот на тромбоцитите
D) Намалување на бројот на еритроцитите
  • 9. Како се вика фазата при срцевата работа, кога преткоморите се стегаат(активна фаза)?
A) Дијастола
B) Крвоток
C) Систола
D) Пулс
  • 10. Процесот на засирувањето на крвта е познато како
A) Тромбоза
B) Коагулација
C) Трансфузија
  • 11. Нечистата крв од телото се враќа во срцето преку:
A) Горна шуплива вена
B) Долна шуплива вена
C) Белодробна вена
D) Горна и долна шуплива вена
  • 12. Кои крвни садови ја враќаат оксидираната крв во срцето
A) Горна шуплива вена
B) Аорта
C) Белодробни артерии
D) Белодробни вени
  • 13. Крвта е :
A) Течно сврзно ткиво
B) Фиброзно сврзно ткиво
C) Меко сврзно ткиво
  • 14. Најмалите крвните садови кои доаѓаат до клетките и преку нив се врши размена на гасови се;
A) Артериолите
B) Капиларите
C) Венулите
  • 15. Пулс е :
A) Брановидното движење на крвта низ вените
B) Отчукувањето на срцето
C) Брановидното движење на крвта низ артериите
  • 16. Крвен притисок е:
A) Силата со кој крвта притиска на ѕидовите на крвните садови
B) Силата со која крвта ги отвара клапите
C) Силата со која крвта влегува во срцето
  • 17. Како се вика надворешниот слој на срцето?
A) Епителен слој
B) Перикард
C) Мускулест слој
  • 18. Која од наведениве функции е заштитна функција на крвта:
A) Пренесува топлина во организмот и ја регулира телесната температура
B) Пренесува хранливи материи и кислород до крвта
C) Врши коагулација и не дозволува преголемо губење на крв од организмот
  • 19. Кој од наведениве органи не е дел од лимфниот систем:
A) Лимфни јазли
B) Срце
C) Крајници
D) Градна жлезда
  • 20. Како се нарекува болеста во која настанува наталожување на маснотии во ѕидовите на артериите
A) Атеросклероза
B) Артериосклероза
C) Анемија
D) Аритмија
  • 21. Ѕидовите имаат мала цврстина и еластичност а во внатрешноста имаат залистоци-ова е краток опис на кои крвни садови?
A) На вените
B) На аортата
C) На артериите
D) На венулете
  • 22. Пулсот го мериме на:
A) Вените
B) Артериите
C) Капиларите
  • 23. На кои делови се дели аортата штом ќе излезе од срцето?
A) Аортата продолжува право и воопшто не се дели
B) Лев дел,десен дел и прав дел
C) Нагорен дел,аортен лак и надолен дел
  • 24. Малиот крвоток носи крв до?
A) Главата
B) Целото тело
C) Белите дробови
  • 25. Големиот крвоток носи крв до?
A) Целото тело
B) Нозете
C) Белите дробови
  • 26. Хемофилијата е болест која :
A) Се пренесува генетски,женските заболуваат а машките се преносители
B) Се пренесува генетски,заболуваат и машките и женските
C) Се пренесува генетски,женските се само преносители а машките заболуваат
Students who took this test also took :

Created with That Quiz — the math test generation site with resources for other subject areas.