Провери го знаењето за својствата на материјалите
  • 1. Група ученици испитуваат кој е најдобар проводник на топлина од 4 метални прачки од различни метали(М,Н,О,П).Додека на едниот крај прачката се загрева на другиот крај се мери времето за кое ќе падне нитната која е залепена за прачката со восок.На сликата се нивните резултати. а) Препиши и дополни го прашањето што учениците го испитувале Кој метале е најдобар--------------?б)Кои два метали учениците треба повторно да ги испитуваат за да бидат сигурни дека резултатите се веродостојни?Зошто? 3 поени
  • 2. Била испитувана флексибилноста на 4 различни видови пластични прачки (К,Р,С,Т),со помош на апаратура како на сликава. а) Која ќе биде контролната променлива во испитувањето? б) Во која единица ќе се мери флексибилноста? в) Опиши го методот што се користи за испитување на флексибилноста на материјалите К,Р,С и Т. 4 поени
  • 3. Погледни го експериментов на сликата! а) Кое својство на материјалот ќе се тестира? б)Ако треба да тестираш два различни материјали,кои две променливи треба да ги одржиш константни за испитувањето да биде коректно? 2 поени
  • 4. Погледни ги исцртаните области во таблицата на периодниот систем даден на сликата. Одговори: Во кои области ќе најдеш а) Елементи на метали б) Елементи на неметали,како азот и фосфор? в)Елементи на многу реактивни метали како што се натриум и калиум г) Елементи на помалку реактивни метали како железо и цинк? д)Зошто е важна линијата меѓу Област 2 и Област 3 во таблицата на сликата. 5 поени
  • 5. Броевите во таблицата на периодниот систем даден на сликата претставуваат различни елементи а) Кои два елементи се наоѓаат во иста група? б)Кои елементи се неметали? в)Кои елементи се метали? г) Кој елемент е семиметал? 4 поени
  • 6. Парчиња од два различни материјали А и Б се тестирани со удирање чекан.Материјалот А бил крт,а материјалот Б бил ковлив.Опиши го начинот на кој се променил секој од материјалите во текот на тестирањето.
  • 7. Кое својство е најкорисно за следниов материјал: глина
A) проѕирна
B) голема издржливост
C) водоотпорна
  • 8. Кое својство е најкорисно за следниов материјал: фолија за виткање храна
A) непропустлива
B) флексибилна
C) растворлива
  • 9. Кое својство е најкорисно за следниов материјал: прозорско стакло
A) крто
B) меко
C) проѕирно
  • 10. Кое својство е најкорисно за следниов материјал: главата на чеканот
A) цврста
B) водоотпорна
C) непроѕирна
Students who took this test also took :

Created with That Quiz — a math test site for students of all grade levels.