ThatQuiz Test Library Take this test now
Тест за 2 тема по хемија за 8 одд - Quiz
Contributed by: Stefanovska
  • 1. Приготвена е смеса од две течности кои меѓу себе не се мешаат. За да се одделат течностите од смесата треба да се употреби:
A) стаклена инка
B) филтер
C) сепарациона инка
  • 2. Доколку треба да се одделат кристали од јод и натриум хлорид од нивна смеса, тогаш ќе се примени:
A) кристализација
B) дестилација
C) сублимација
  • 3. За разделување на компонентите од раствор врз база на разликите во нивните температури на вриење се применува:
A) филтрација
B) дестилација
C) сублимација
  • 4. Својствата на супстанците се делат на:
A) биолошки и физички;
B) хемиски и биолошки.
C) хемиски и физички;
  • 5. Способноста на бензинот да гори спаѓа во:
A) хемиски својства;
B) физички својства;
C) биолошки својства
  • 6. Супстанците можат да бидат:
A) смешани и несмешани.
B) смеси и чисти;
C) смеси и смешани;
  • 7. Кои од наведените процеси се физички, а кои се хемиски? 1. топење на восок при добивање на свеќи; 2. пржење јајца; 3. сушење на влажна коса; 4. киселење на млеко.
A) физички: 1 и 4, а хемиски 2 и 3.
B) физички: 2 и 3, а хемиски 1 и 4;
C) физички: 1 и 3, а хемиски 2 и 4;
  • 8. На разликите во кое физичко својство се базира одвојување на супстанците од смеса со дестилација?
A) испарливост
B) температура на вриење
C) кондензација
  • 9. Кои од наведените супстанци се чисти супстанци, а кои смеси? 1.бензин; 2. графит; 3. сребро; 4. вино; 5. сулфур.
A) чисти супстанци: 2, 3, 4, 5, а смеси:1;
B) чисти супстанци: 2, 3, 4, а смеси 1 и 5.
C) чисти супстанци: 2, 3, 5, а смеси 1 и 4.
  • 10. Раствори се:
A) чисти супстанци
B) смеси;
C) течности
  • 11. Според количеството растворена супстанца, растворот може да биде:
A) солен;
B) течен
C) заситен
  • 12. Раствор со мало количество на растворена супстанца го нарекуваме:
A) концентриран раствор;
B) разреден раствор;
C) заситен раствор
  • 13. Препознај кој од овие не е чиста супстанца?
A) сребро
B) сулфур
C) хартија
  • 14. Направи разлика помеѓу хомогена и хетерогена смеса.
A) Хомогена смеса е смеса во која не се гледаат супстанците од кои е составена, а хетерогена е смеса во која се гледаат супстанците од кои е составена
B) Хомогена не е смеса, хетерогена е смеса во која се гледаат супстанците од кои е составена
C) Хомогена смеса е смеса во која не се гледаат супстанците од кои е составена, а во хетерогена исто така не се гледаат супстанците од кои е составена
  • 15. Препознај ја хомогената смеса.
A) Шеќер и сол
B) Креда и вода
C) Масло и вода
  • 16. Препознај што е сублимација.
A) Одлевање
B) Преминување на една супстанца од цврста во гасна и обратно без да премине во течна
C) Загревање, течноста поминува во водена пареа, потоа со ладење повторно во течна
  • 17. Разликата меѓу декантација или филтрација е :
A) При декантацијата супстанцата што останува се вика талог,а во филтрацијата тоа што останува се вика дестилат
B) Декантацијата е целосно одделување а филтрација е нецелосно одделување
C) Декантација е нецелосно одделување а филтрација е целосно одделување на една супстанција
  • 18. Незаситениот раствор уште е познат како:
A) концентриран
B) разреден
C) преконцентриран
  • 19. Посочи што е супстанца:
A) белег по кој не може да се докаже дека постои хемиска промена
B) белег по кој се препознаваат физичките тела
C) вид на материја од која се изградени физичките тела
  • 20. Откриј што е декантација:
A) раздвојување на цврстата супстанција од течноста во хетерогена смеса
B) компонентите од раствор врз база на разликите во нивните температури на вриење
C) постапка за одделување на компонентите од хетерогена смеса
  • 21. Секој раствор е составен од:
A) растворувач и растворлива супстанца
B) раствор и растворлива супстанца
C) растворувач
  • 22. Која е физичката постапка на одделување на тврдите растворливи супстанци од течноста(растворот) во вид на кристали?
A) Дестализација
B) Сублимација
C) Кристализација
  • 23. Течноста која поминува низ порите на филтерот се вика:
A) филтрат
B) талог
C) филтри
  • 24. Хемиски промени уште се нарекуваат:
A) Физички својства
B) Хемиски реакции
C) Хемиски својства
  • 25. Заситен раствор е составен од:
A) Повеке растворлива супстанца отколку растворувач
B) Повеке растворувач отколку растворлива супстанца
C) Исто количество на растворувач и растворлива супстанца
  • 26. Декантацијата се базира на...
A) разликите во густината
B) разлика на големините на честичките
C) разликите во компонентините температури на вриење
  • 27. Каква постапка е фракциона дестилација?
A) Хемиска постапка.
B) Не е постапка.
C) Физичка постапка.
Students who took this test also took :

Created with That Quiz — where test making and test taking are made easy for math and other subject areas.